Линкови за пристапност

Ан Сан Су Чи подготвена да соработува со сите продемократски групи


Ан Сан Су Чи подготвена да соработува со сите продемократски групи
Ан Сан Су Чи подготвена да соработува со сите продемократски групи

Националната лига за демократија победи на последните избори во Бурма во 1990-та година, но армијата ги игнорираше резултатите. Таа изјави дека немала можност да разговара со секој од лидерите на партијата бидејќи е тукушто ослободена, но подвлече дека е подготвена да соработува со сите кои поддржуваат демократија во Бурма. 65-годишната активистка најави дека најпрвин има намера да го слушне мислењето на јавноста, а потоа ќе решела за својот следен чекор. Бурманската воена влада по седум последователни години ја ослободи добитничката на Нобеловата награда за мир од домашен притвор во саботата. Лидерите и групите за заштита на човековите права ширум светот го поздравија овој чекор, но го осудија фактот што била држена во притвор со години, повикувајќи да бидат ослободени сите политички затвореници. Ослободувањето на Ан Сан Су Чи се случи само неколку дена откако бурманската влада одржа контроверзни избори за кои кажа дека имаат за цел враќање на граѓанското владеење во земјата. Демократските активисти и лидери ширум светот ги осудија изборите за кои велат дека се креирани да ја зацврстат воената моќ наводно под закрила на демократијата. На Ан Сан Су Чи и` беше забрането да учествува на изборите и поради тоа и други нечесни правила, Националната лига за демократија го бојкотираше гласањето. Владата заради бојкотот ја расформира партијата и сега таа функционира како социјална добротворна организација. На изборите победи партија поддржана од армијата. Опозиционите партии на овие избори твдеа дека имало неправилности. Но владата ја поддржува армијата со силна улога улога во Бурма, за, како што тврди, да се осуетат намерите на етнички паравоени групи да ја распарчат земјата. Ан Сан Су Чи вели дека ќе спроведе истрага за наводите, но засега не се знае дали владата ќе се обиде да ја спречи. Националната лига за демократија победи на последните избори во Бурма во 1990-та година, но армијата ги игнорираше резултатите и на одредени периоди ја ставаше активистката во домашен притвор.

Бурманската активистка Ан Сан Су Чи во неделата се обрати пред нејзините симпатизери во седиштето на Националната лига за демократија во Рангун.

Таа изјави дека немала можност да разговара со секој од лидерите на партијата бидејќи е тукушто ослободена, но подвлече дека е подготвена да соработува со сите кои поддржуваат демократија во Бурма.

65-годишната активистка најави дека најпрвин има намера да го слушне мислењето на јавноста, а потоа ќе решела за својот следен чекор.

Бурманската воена влада по седум последователни години ја ослободи добитничката на Нобеловата награда за мир од домашен притвор во саботата.

Лидерите и групите за заштита на човековите права ширум светот го поздравија овој чекор, но го осудија фактот што била држена во притвор со години, повикувајќи да бидат ослободени сите политички затвореници.

Ослободувањето на Ан Сан Су Чи се случи само неколку дена откако бурманската влада одржа контроверзни избори за кои кажа дека имаат за цел враќање на граѓанското владеење во земјата.

Демократските активисти и лидери ширум светот ги осудија изборите за кои велат дека се креирани да ја зацврстат воената моќ наводно под закрила на демократијата.

На Ан Сан Су Чи и` беше забрането да учествува на изборите и поради тоа и други нечесни правила, Националната лига за демократија го бојкотираше гласањето.

Владата заради бојкотот ја расформира партијата и сега таа функционира како социјална добротворна организација.

На изборите победи партија поддржана од армијата. Опозиционите партии на овие избори твдеа дека имало неправилности.

Но владата ја поддржува армијата со силна улога улога во Бурма, за, како што тврди, да се осуетат намерите на етнички паравоени групи да ја распарчат земјата.

Ан Сан Су Чи вели дека ќе спроведе истрага за наводите, но засега не се знае дали владата ќе се обиде да ја спречи.

Националната лига за демократија победи на последните избори во Бурма во 1990-та година, но армијата ги игнорираше резултатите и на одредени периоди ја ставаше активистката во домашен притвор.

XS
SM
MD
LG