Линкови за пристапност

Забрзувачот на атоми достигнал рекордна сила, тврдат европски научници


Експериментот има за цел да ги долови условите слични на „Биг бенг“, теоретската експлозија за која научниците веруваат дека ја креирала вселената

Европски научници тврдат дека успешно го употребиле најголемиот забрзувач на атоми во светот за да предизвикаат меѓусебен судир на протони со три пати поголема сила од кога и да е порано.

Експериментот има за цел да ги долови условите слични на „Биг бенг“, теоретската експлозија за која научниците веруваат дека ја креирала вселената.

Научниците од Европската организација за нуклеарно истражување - ЦЕРН го оквалификуваа експериментот од вторникот како „почеток на нова ера во науката“.

Забрзувачот на атоми е дизајниран да ја зголемува брзината на два снопа на протоните во спротивни насоки преку вакум што е ладен и празен како вселената. По надминување на одредени технички проблеми, експериментот ги судрил протоните со брзина слична на брзината на светлината, 300.000 километри од секундата.

Судирот создава огромно количество на топлина и енергија во мал простор. Првите луѓе на проектот велат дека услувите ги симулирле оние од пред милијарди години, трилионитиот дел од секундата по „Биг бенг“.

XS
SM
MD
LG