Линкови за пристапност

Клинтон на турнејата низ три азиски земји


Клинтон на турнејата низ три азиски земји
Клинтон на турнејата низ три азиски земји

Клинтон на крај ќе престојува во Јужна Кореја, каде ескалираат тензиите со Северна Кореја по потонувањето на јужнокорејски воен брод на 26-ти март, при што загинаа 46-ца морнари.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон во четврток заминува на шестдневна турнеја Источна Азија, каде ќе се соочи со долга листа на конторверзни прашања.

Клинтон во петок во Токио ќе се сретне со јапонскиот премиер Јукио Хатојама и министерот за надворешни работи Катсуја Окада. САД и Јапонија имаа несогласувања околу преместувањето на американска морнаричка база на јапонскиот остров Окинава.

Првиот човек на американската дипломатија во петок во Кина ќе го посети американскиот штанд на саемот „Шангај експо“, а потоа во Пекинг ќе разговара за економски прашања, меѓу кои и, како што смета Вашингтон, вештачки ниското ниво на размена на кинеската валута. САД ја обвинуваат Кина за строга контрола на јуанот - тренд за кој Вашингтон тврди дека причинува кинеските увозни добра да бидат поевтини на глобалните пазари.

Клинтон потоа ќе престојува во Јужна Кореја, каде ескалираат тензиите со Северна Кореја по потонувањето на јужнокорејски воен брод на 26-ти март, при што загинаа 46-ца морнари.

XS
SM
MD
LG