Линкови за пристапност

Ешкрофт не може да биде суден за случај на приведување од 2003


Ешкрофт не може да биде суден за случај на приведување од 2003
Ешкрофт не може да биде суден за случај на приведување од 2003

Врховниот суд на САД вели дека поранешниот главен обвинител не е лично одговорен за приведување на ал-Кид

Американскиот Врховен суд одлучи дека поранешниот главен обвинител нема да биде суден за држење во притвор на американски муслиман кој повеќе од две недели бил држен според законот за материјален сведок.

Судиите донесоа едногласна одлука, велејќи дека Ешкрофт не може лично да се смета одговорен за апсење на Абдула ал-Кид во 2003-та година.

Судот пресуди дека Ешкрофт, кој на функцијата главен правобранител беше за време на претседателствувањето на Џорџ В. Буш, не ги прекршил уставните права на ал-Кид.

Ал-Кид тврдел дека Ешкрофт, веднаш по терористичките напади на 11-ти септември 2001-ва, агресивно го злоупотребил законот со тоа што дозволил надлежните власти да апсат материјални сведоци и да ги убедуваат да сведочат на суд. Ал-Кид вели дека како резултат, Ешкрофт ја сносел одговорноста за неговото приведување и наводен несоодветен третман.

Федералните агенти го уапсиле ал-Кид на аеродром во близина на Вашингтон пред да замине за Саудиска Арабија и го држеле во притвор 16 дена како материјален сведок. Според владини извори, сведочењето на ал-Кид било потребно во случај на муслиман обвинет за потпомагање на терористи.

XS
SM
MD
LG