Линкови за пристапност

Се развива опасна трка во вооружувањето, предупредува шведска мировна организација


Се развива опасна трка во вооружувањето, предупредува шведска мировна организација
Се развива опасна трка во вооружувањето, предупредува шведска мировна организација

Шведскиот Меѓународен институт за мировни истражувања алармира дека во моментов се развива се` поголема трка во вооружување во деловите на светот каде владее напнатост

Шведскиот Меѓународен институт за мировни истражувања алармира дека во моментов се развива се` поголема трка во вооружување во деловите на светот каде владее напнатост.

Организацијата со седиште во Стокхолм во извештајот наведува дека глобалната продажба на оружје пораснала за 22% меѓу 2005-та и 2009-та година, споредено со претходните пет години. Во него се наведува и дека 27% од набавките биле воени авиони.

Институтот е особено загрижен поради фактот што кога богати земји купуваат скапи воени авиони, нивните посиромашни соседи – ривали реагираат, и самите купувајќи оружје. Во извештајот стои и дека трката во вооружување се интензивира во експлозивните области како Блискиот Исток, Северна Африка, Југоисточна Азија и Јужна Америка.

Според документот, САД и натаму се светски најголемиот извезувач на оружје, а Грција била една од петте земји што примиле најповеќе конвенционално оружје и воедно главен муштерија за борбени авиони од американско и француско производство.

Институтот јавува и за драматично зголемување на продажбата на оружје во Јужна Америка и во Југоисточна Азија, особено во Индонезија, Сингапур и Малезија.

XS
SM
MD
LG