Линкови за пристапност

Турскиот премиер се закани дека ќе протера 100.000 Ерменци


Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе протера 100.000 илегални имигратни од ерменско потекло.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се закани дека ќе протера 100.000 илегални имигратни од ерменско потекло.

Ердоган предупреди дека Турција може да се одлучи на масовно протерување откако беше прашан за минатонеделното усвојување на резолуциите во САД и Шведска во кои убиствата на Ерменците од Првата светска војна од страна на Отоманските Турци беа окарактеризирани како геноцид.

Ердоган за турскиот сервис на Би-Би-Си рече дека од околу 170.000 Ерменци кои живеат во Турција само 70.000 имаат легален престој. Тој рече дека нема обврски да ги остави илегалните имигранти да останат во земјата.

Турските власти го осудија гласањето на американска конгресна комисија и во шведскиот парламент, велејќи дека таквиот потег ќе ги компликува турските напори за нормализирање на односите со Ерменија.

Ерменците тврдат дека 1,5 милиони лица се масакрирани меѓу 1915 и 1923-та во кампања на Отомански Турци. Турција признава дека биле убиени Ерменци, но вели дека е преувеличена нивната бројка. Анкара тврди дека Ерменците загинале во граѓанската војна која го придружила падот на Отоманската империја.

XS
SM
MD
LG