Линкови за пристапност

Обама: Нацијата се` уште во жалост и шок поради инцидентот во Аризона


Обама: Нацијата се` уште во жалост и шок поради инцидентот во Аризона
Обама: Нацијата се` уште во жалост и шок поради инцидентот во Аризона

Наводниот напаѓач денес ќе се појави пред федерален суд во Феникс

Американскиот претседател Барак Обама вели дека нацијата се` уште жали и е во шок од саботниот инцидент во кој загинаа шест лица, а конгресменката Габриел Гифордс беше тешко повредена.

Обама одржа минута молчење во Белата куќа за загинатите во нападот во Тусон, сојузната држава Аризона. Почит оддадоа и вработените во Конгресот, заедно со посетителите на скалите на зградата на Капитол Хил. Накусо замолкнаа и Берзата во Њујорк и други јавни институции.

Лекарите од Универзитетскиот медицински центар во Аризона, кои се грижат за Габриел Гифордс, наведуваат дека се внимателни оптимисти во врска со нејзината состојба. Тие соопштија дека отокот на мозокот на 40-годишната конгресменка не пораснал. Таа беше застрелана во главата додека се среќаваше со гласачи пред супермаркет во Тусон. Лекарот Мајкл Лемол кажа дека таа реагира на едноставни команди, но предупреди дека се` уште е во опасност.

Наводниот напаѓач денес ќе се појави пред федерален суд во Феникс. Тој се терети за обид за атентат на член на Конгрес, убиство и обид за убиство на вработени во федералната влада, меѓу другите точки на обвинението.

Меѓу загинатите се федерален судија, соработник на Гифордс и 9-годишно девојче.

XS
SM
MD
LG