Новиот имиграционен закон на сојузната држава Аризона што треба да стапи на сила во четврток, веќе погаѓа одредени општини.
Илегалните имигранти заминуваат од главниот град Феникс, пред да влезе во сила мерката што илегалната имиграција ја прави криминал во оваа сојузна држава.
Одредени бизниси, каде поголемиот дел од вработените се од латино-американско потекло, велат дека огромниот пад на продажбата ќе ги присили да затворат.
Многумина легални имигранти во Аризона најавија дека ќе ја напуштат сојузната држава, заради тоа што нивните бизниси губат клиенти или заради чувството дека не се добредојдени.
Овај закон бара полицијата, додека спроведува други закони, да го проверува имиграциониот статус на лица за кои постои основано сомневање дека се илегално во земјата.
Администрацијата на претседателот Барак Обама од федерален суд побара да ја блокира Аризона во имплементирањето на законот, велејќи дека имиграционата политика е во надлежност на федералната власт. Судот допрва треба да се произнесе по случајот.