Линкови за пристапност

Археолози открија големо село на робови во близина на Вашингтон


Археолози открија големо село на робови во близина на Вашингтон
Археолози открија големо село на робови во близина на Вашингтон

Артифактите го доловуваат животот на мажи и жени третирани како робови

Археолозите во Фредерик, сојузната држава Мериленд, се обидуваат од пронајдените артефакти да состават слагалка - како изгледал животот на робовите во САД. Француските земјоделци – бегалци од Хаити во Мериленд имале робови во раните 1800-ти години. Според Националната управа за паркови, во Фредерик се наоѓало најголемото село на робови во областа на Вашингтон.

Пред 200 години, на ова место се наоѓала плантажа од 300 хектари во сопственост на семејството Винсендирс. Се` уште се видливи домовите ѕидани од камен, вели археологот Џој Бисли, која работи за Националната управа за паркови. Нејзиниот тим открил докази за домови каде се држеле робови. Винсендирс поседувале 90 робови.

Археолози открија големо село на робови во близина на Вашингтон
Археолози открија големо село на робови во близина на Вашингтон
„Тоа е приближно 10 пати повеќе од бројот што се очекува да постои за големина на плантажата како оваа, со што биле најголемите поседувачи на робови во Мериленд во тоа време“, вели Бисли.

Има претпоставки дека биле и едни од најбруталните, раскажува археологот, што најверојатно била причината властите на Мериленд да го изведат семејството пред суд, и тоа во повеќе наврати.

Многу малку е познато за начинот на живот на робовите. Затоа, секој артифакт пронајден во селото во Фредерик е и тоа како релевантен.

Археолози открија големо село на робови во близина на Вашингтон
Археолози открија големо село на робови во близина на Вашингтон
Да се копа по минатото може да биде болно, вели Мери Харис која ја истражувала афро-американската историја во Фредерик. Овие робови само го посакувале она што секој го посакува – дом, семејство, раскажува Харис.

Археолозите од Националната управа за паркови ќе продолжат со ископувањата на локацијата и летово. Џо Бисли се надева дека еден ден ова ќе биде перманентна изложба за пронајдените артифакти.

XS
SM
MD
LG