Линкови за пристапност

Анкета: Арапите обесхрабрени од политиката на САД


Анкета: Арапите обесхрабрени од политиката на САД
Анкета: Арапите обесхрабрени од политиката на САД

Во истражувањето што го спроведоа Универзитетот на Мериленд и Зогби интернешенал се испитува јавното мислење во Египет, Јордан, Либан, Мароко, Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

Иако расположението кон САД и натаму е негативно, 20 проценти од испитаниците сепак го окарактеризирале американскиот став кон Исламот како политичко прашање од кое се најмногу задоволни.

Кен Полак, стручњак за Блискиот Исток во Институтот Брукингс во Вашингтон вака ги објаснува резултатите:

„Многу Арапи се незадоволни од, навидум, неактивноста на владата на Обама кон израелско-палестинскиот мировен процес. Има фрустрација дека претседателот кога стапи на власт вети голем чекор напред, но дека не го исполни ветеното“, вели Полак.

Има и друга причина, вели професорот од Универзитетот во Марилед Шибли Телами кој раководеше со анкетата:

„27 проценти го наведуваат Ирак, незадоволни од нестабилноста како и дека нема влада. Сепак, задоволни се од фактот дека САД се повлекуваат од Ирак“, истакна Телами.

Палестинско-израелскиот судир и натаму е најразочарувачко прашање за Арапите. Поголемиот дел би прифатиле решение со две држави во границите пред арапско-израелската војна во 1967-ма, но мислат дека Израел не би се согласил.

Мнозинство верува дека Иран навистина се обидува да дојде до оружје за масовно уништување., но и дека Иранците имаат право на нуклеарна програма и не треба да им се врши притисок да се откажат од неа. Повеќе од половината велат дека нуклеарен Иран би бил попозитивен за Блискиот исток. Телами вели дека Арапите не мислат дека Иран всушност ќе го искористи оружјето.

Од медиумските преференцеи, расте употребата на Интернет, а повеќето испитаници гледаат неколку ТВ-канали и ја наведуваатАл-Џазира како прв избор. Повеќе од половината гледаат американски и европски филмови и музички спотови на дневна база.

XS
SM
MD
LG