Линкови за пристапност

Животните пред истребување најдоа дом во Вашингтон


Животните пред истребување најдоа дом во Вашингтон
Животните пред истребување најдоа дом во Вашингтон

Посетителите можат да видат речиси 400 животински видови. За околу една петина од нив се смета дека се во опасност од истребување.

Преку еден век, Националната зоолошка градина во Вашингтон привлекува посетители кои сакаат дознаат нешто повеќе за животнискиот свет. Во моментов таа е дом на околу 2.000 животни, од мравки до слонови.

Покрај покажувањето на животинските видови, Градината предводи и во зачувување на загрозените диви животни.

Посетителите можат да видат речиси 400 животински видови. За околу една петина од нив се смета дека се во опасност од истребување, како Андската мечка, на пример.

Зимава во Градината на свет дојдоа две мечиња од овој вид - први во последниве 22 години и први кои преживеале во Северна Америка од 2005-та.

Црвените панди се уште една успешна приказна. Во дивината има помалку од 2.500, заради намалениот наталитет во Кина и Хималаите. Во Градината сместена во самиот центар на Вашингтон последниве години на свет дојдоа преку 120 панди.

Во 2007-ма, Националната градина во Центарот за заштита на животните во Фронт Ројал, сојузната држава Вирџинија отвори објект за научно набљудување на развојот на гепардот, за кој се смета дека е во опасност од истребување.

Во управата велат дека честопати од зоолошките градини се очекуваат чуда кога станува збор за загрозени животни. Сепак, такво нешто и се случи со црноножната ласица која потекнува од американските прерии. Пред 20 години, во дивината живееја само 18 од овие животни. Во поново време, во Националната зоолошка градина беа родени преку 500 црноножни ласици, од кои повеќето преку технологијата на вештачко оплодување и смрзната сперма. Во моментов, популацијата на ова животно брои 700.

Напредокот во науката помогна за заштита и зачувување на животните на разни начини. Научниците сега можат да го следат нивото на хормоните преку примероци од измет и урина.

Научниците наведуваат велат дека за актуелните напори за заштита на животните во опасност од изумирање имаат потреба од цела армија луѓе. Предизвиците со кои се соочува дивината, како климатските промени, инвазивните животниски видови и човековото влијание само надодаваат на ситуацијата.

XS
SM
MD
LG