Линкови за пристапност

„Исчезнатиот“ ирански научник тврди дека САД го киднапирале и мачеле


Пред да замине од Вашингтон, Амири го повтори тврдењето на иранската влада дека бил киднапиран додека бил во посета на Саудиска Арабија, по што бил предаден во американска надлежност.

Иранскиот нуклеарен научник Шарам Амири вели дека претрпел тешка ментална и физичка тортура од американски агенти откако минатата година исчезна, а потоа мистериозно се појави во Вашингтон.

Амири се врати во Техеран четвртокот, пречекан на аеродромот од владини претставници, сопругата и 7-годишниот син.

Пред да замине од Вашингтон, Амири го повтори тврдењето на иранската влада дека бил киднапиран додека бил во посета на Саудиска Арабија, по што бил предаден во американска надлежност.

Американски претставници негираат дека го грабнале, велејќи дека бил во земјата по своја волја. Весникот Вашингтон пост цитира неименувани американски владини лица дека ЦИА на научникот му платила пет милиони долари за информации за иранската нуклеарна програма.

XS
SM
MD
LG