Познати се како моторизирани домови – комплетно опремени со кујни, дневни соби и кревети. Постојано се во движење. Во САД ги има околу 1,5 милиони. Сместени се во едноставни возила кои обичаено се користат за кампување, но и во луксузни рекреативни возила во кои има буквално се`.
Бидејќи одморот во ваквите возила честопати е поефтин од патувања со хотелско сместување, би било логично оваа индустрија да цвета, особено за време на најдолгата и најдлабока рецесија во САД од 1930-те години наваму.
Но, тоа не беше случај. Таквите често имаа ознака „се продава“. Околу 62.000 нови моторизирани домови беа продадени во 2004-та, но само една третина од оваа бројка беа продадени минатата година.
Годинава сликата се менува. Бројот на нарачките е зголемен благодарение најмногу на олеснувањата на условите за добивање на потрошувачки кредити.
Сопствениците на овие возила имаат клубови, списанија, национална асоцијација, па дури и конвенции, два пати годишно! Имаат срдечен пречек на повеќето места, бидејќи во најголем број случаи тоа се брачни двојки во пензија, со солидни заштеди. Или, наставници се кои имаат на располагање цело лето за патување или пак се работи за семејства кои тргнале на одмор.
Многумина сопственици на моторизираните домови престојувале во речиси сите американски сојузни држави, освен на Хаваите, се разбира.
Честопати соседи секоја година организираат заеднички патувања полни со смеа и забава. Така штедат и на бензин. Настрана тоа што одмор во вакво возило чини една петтина во просек од оној што би чинел ако се оди по конвенционален пат – во хотел.