Линкови за пристапност

Алцхајмеровата болест наследна по мајка?


Алцхајмеровата болест наследна по мајка?
Алцхајмеровата болест наследна по мајка?

Нова студија сугерира поголема можност за наследување на болеста по женска линија

Се` уште нема дефинитивен тест за Алцхајмеровата болест, освен испитувањето на мозокот по смртта на пациентот.

Лекарите на пациенти во поодминати години може да им дадат тест за меморија или да побараат информации од членови на семејството на болниот за промени во однесувањето.

Во нова студија истражувањето било изведено со скенириње со магнетна резонанца, при што е следено намалувањето на ткивото на мозокот.

Робин Хони од Медицинскиот центар на Универзитет во Канзас, вели дека одреденото намалување на ткивото на мозокот вообичаено при стареењето, но кај некои некои од вклучените во студијата загубата била поизразена.

„Откривме дека нема голема разлика меѓу луѓето кои имале татко со Алцхајмерова болест и оние без таква семејна историја. Но, кај групата пациенти кои имале Алцхајмерова болест во семејството од страна на мајката, забележано е поголемо намалување на ткивото на мозокот, посебно во две области на мозокот“, вели Хони.

Деловите од мозокот каде било набљудувано ова намалување се поврзани со меморијата и таму вообичаено има атрофија кај пациентите со Алцхајмерова болест.

Сепак, промената на големината на мозокот не значи задолжителна појава на Алцхајмерова болест.

Во оваа релативно мала студија биле опфатени само 53 лица, заради што истажувачите се внимателни кога оперираат со факторите за ризик од заболување од оваа болест и додаваат дека луѓето чии мајки имале Алцхајмерова болест не значи дека се единствените кои би ја добиле болеста.

Но Робин Хони од Универзитетот во Канзас вели дека осознавањето на начините како Алцхајмеровата болест се наследува, може да им помогне на научниците да развијат начини за превенција или третман за оваа болест.

Студијата траела две години и резултатите се објавени во журналот „Неврологија.“

XS
SM
MD
LG