Линкови за пристапност

Наглото намалување на морските алги критично за синџирот на исхрана


Наглото намалување на морските алги критично за синџирот на исхрана
Наглото намалување на морските алги критично за синџирот на исхрана

Написот за глобалното намалување на обемот на морските алги е објавен во журналот „Природа“.

Малиот зелен фитопланктон е храна за многу животни во океаните, вели биологот Даниел Бојс од Универзитетот Далхози во Нова Скоша, Канада. Според Бојс, фитопланктоните се слични на дрвјата и тревата на земјата.

„Тие произведуваат енергија преку процесот на фотосинтеза. Во присуство на сончева светлина тие ја претвараат неорганската енергија во органска. Со тоа, фитопланктоните формираат основа за целиот поморски екосистем и тие се храна за сите, дури и за китовите“, вели Бојс.

Бојс и неговите колеги собирале и анализирале податоци што датираат уште од 1800-те години. Научниците откриле дека обемот на фитопланктонот на глобално ниво во просек се намалува за околу еден процент, а од 1950 година, наваму количината на фитопланктонот се намалила за 40 проценти. Трендот е најзастапен во Северната хемисфера.

Научниците велат дека намалувањето на обемот на алгите главно се случува во поларните и тропски региони и отворени океани, каде всушност се одвива најголемото размножување на фитопланктоните. Тие додаваат дека зголемените температури на водата во океаните како резултат на глобалното затоплување, влијаат на количината на фитопланктоните. За да растат ним им е потребна сончева светлина и хранливи состојки, а потоплата вода го ограничува бројот на хранливи елементи.

Фитопланктонот е клучен за здравјето на нашата планета и за стабилноста на глобалната клима, вели Бојс, кој додава дека алгите во океаните произведуваат половина од кислородот што го дишеме и ја намалуваат количината на јаглерод диоксид што во спротивно ќе придонесе за глобално затоплување.

Написот за глобалното намалување на обемот на морските алги е објавен во журналот „Природа“.

XS
SM
MD
LG