Линкови за пристапност

Се урна патнички авион во Авганистан


Спасувачките екипи веднаш се упатиле на местото на уривањето во близина на теснецот Саланг во планинскиот предел Хинду Ку.

Авганистански патнички авион со 43-ца патници, од кои шестмина странци, се урнал во планински дел на северен Авганистан, соопштија властите. Авионот на компанијата Памир Ервејс сообраќал од северниот град Кундуз во правец на Кабул.

Спасувачките екипи веднаш се упатиле на местото на уривањето во близина на теснецот Саланг во планинскиот предел Хинду Куш, северно од авганистанскиот главен град. Лошите временски услови, вклучувајќи и магла, наводно ги попречиле спасувачките напори.

Портпаролот на авганистанското Министерство за внатрешни работи Земараи Башари кажа дека владата побарала од силите под раководство на НАТО да го лоцираат авионот користејќи беспилотни летала. НАТО соопшти дека испратил авион со човечки екипаж на последната позната локација на исчезнатиот авион. Кон местото на настанот се упатиле и два хелихоптера.

XS
SM
MD
LG