Линкови за пристапност

САД го менуваат начинот на проверка на патниците


Со новата политика патиниците ќе бидат проверувани врз база на информации за познати осомничени терористи, добиени од разузнавачките служби.

Претставници на администрацијата на Барак Обама велат дека САД го менуваат начинот за проверка на авионските патници кои доаѓаат во САД со цел да се примени поразузнавачки заснован приод.

Со новата политика, што ќе биде објавена в петок, официјални лица велат дека патиниците ќе бидат проверувани врз база на информации за познати осомничени терористи, добиени од разузнавачките служби.

Според истиот извор, доколку агентите дознаат за осомничен од Нигерија кој минал низ Блискиот Исток, таа информација ќе биде внесена во базата на податоци и ќе биде споделена со службите за скенирање на аеродромите. Потоа, ќе бидат извршени дополнителни проверки врз секој кој одговара на описот.

Новиот систем го заменува оној што беше имплементиран кусо време откако Нигериец токму на католички Божиќ се обиде да активира експлозивна направа на комерцијален лет. Според тој систем, секој кој бил во една од 14-те назначени држави, главно од Блискиот Исток, се сметал за цел на дополнителни проверки.

Висок владин претставник рече дека новиот систем ќе го намали бројот на лица дополнително проверувани, а кои не биле виновни, а ќе ја намали и дополнителната работа на аеродромите.

XS
SM
MD
LG