Линкови за пристапност

Мишел Обама на турнеја по Африка


Мишел Обама на турнеја по Африка
Мишел Обама на турнеја по Африка

Ќе ги поттикне младите да предничат против сиромаштијата, болестите, екстремизот и климатските промени

Американската прва дама Мишел Обама, придружувана од ќерките Малија и Саша, тргна на еднонеделна турнеја по Африка, со цел да ги поттикне младите луѓе од континентот. Прва станица е Преторија во Јужна Африка.

Обама пред заминувањето најави дека ќе ги охрабри младите Африканци да предничат во решавањето на проблемите во Африка, како сиромаштијата, болестите, екстремизот и климатските промени. Таа рече и дека ќе ја нагласи важноста на образованието, здравјето и добросостојбата.

Првата дама има закажано средби со претседателот Џејкоб Зума и надбискупот Дезмонд Туту; ќе посети организации кои се борат против СИДА-та, Фондацијата Мандела и Музејот на апартхејдот во Јоханесбург, а пред група млади жени на форум во организација на ОН ќе говори за општествените и економските иницијативи во регионот на Африка под пустината Сахара.

Сопругата на претседателот Барак Обама ќе ја заврши турнејата со посетата на Боцвана.

Аналитичарите на меѓународните односи истакнуваат дека посетата доаѓа во момент кога САД се обидуваат да ги зајакнат и подобрат односите со Африка, а особено со Јужна Африка. Оваа најбогата држава на континентот се разидува со САД околу интервенцијата на НАТО во либискиот судир.

XS
SM
MD
LG