Линкови за пристапност

Источно-африканските лидери ја поздравија смртта на бин Ладен


Источно-африканските лидери ја поздравија смртта на бин Ладен
Источно-африканските лидери ја поздравија смртта на бин Ладен

Лидерите од Африка воглавно ја фалат акцијата на елитните американски сили

Лидерите од Источна Африка ја поздравуваат смртта на бин Ладен, чија терористички мрежа беше активна во целиот регион.

Кенискиот претседател Мваи Кибаки во соопштение кажа дека убиството на бин Ладен е акт на правда за жртвите од бомбашките напади во август 1998-ма врз американската амбасада во Најроби.

Ал-Каида ја презеде одговорноста за нападот во кој загинаа 212 лица, а истиот ден загинаа 11 други во американската амбасада во Танзанија.

Во Уганда, владиниот портпарол ја означи смртта на бин Ладен како извонреден настан и рече дека трупите на Уганда во Сомалија ќе продолжат да војуваат против ал-Каида и паравојската на ал-Шабаб.

Сомалискиот премиер Мохамед Абдулахи Мохамед за Гласот на Америка рече дека неговата влада исто така го поздравува убиството на бин Ладен, но предупреди на евентуални одмазднички акти од стотици оперативци на Ал-Каида.

Премиерот рече дека бин Ладен го портретирал Исламот како насилна религија и оти Сомалија е жртва на ал-Каида и нејзините терористички активности.

XS
SM
MD
LG