Линкови за пристапност

Конгресно тело: армијата незнаејќи финансирала корупција во Авганистан


Во обемниот извештај се наведува дека осумина приватни договорни работници стационирани во Авганистан, кои работат со Пентагон, преку договори за транспорт вредни 2,1 милијарди долари, плаќале по неколку илјади долари по камион за обезбедување.

Според конгресна истрага, десетици милиони долари од американските фондови од даночни обврзници индиректно биле исплаќани на авганистански воени старешини, официјални лица па дури и на Талебан, за да се обезбеди непречен премин на американските конвои со намирници во Авганистан.

Во обемниот извештај објавен понеделникот се наведува дека осумина приватни договорни работници стационирани во Авганистан, кои работат со Пентагон, преку договори за транспорт вредни 2,1 милијарди долари, плаќале по неколку илјади долари по камион за обезбедување.

Договорот опфаќа најмалку 70 проценти од сите добра и услуги што ги користат американските сили.

Конгресната истрага вели дека договорните соработници-камионски превозници го покренале прашањето кај армиски претставници, но дека на тоа никогаш не било соодветно одговорено.

Извештајот го подготви Поткомисијата на Претставничкиот дом за национална безбедност, а закажа и распит по ова прашање.

XS
SM
MD
LG