Линкови за пристапност

Авганистанскиот претседател стои на тврдењето за измама


Портпаролот на Белата куќа кажа дека забелешките на авганистанскиот претседател во кои ги обвинува странците за измама се загрижувачки и едноставно невистинити.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи вели дека стои на своите забелешки од минатата недела обвинувајќи го Запад за измама на изборите во Авганистан.

Во интервју за телевизијата на Би-Би-Си во понеделник, претседателот Карзаи кажа дека неговата изјава во која ги обвинува меѓународните амбасади и организации за мешање во авганистанското гласање за претседател на 20-ти август е вистинита.

Администрацијата на Обама веднаш потоа изрази загриженост за неговата изјава.

Портпаролот на Белата куќа Роберт Гибс, кажа дека забелешките на авганистанскиот претседател во кои ги обвинува странците за измама се загрижувачки и едноставно невистинити. Иако Гибс кажа дека Белата куќа е фрустрирана од тие забелешки на авганистанскиот лидер, тој рече дека планираната средба меѓу претседателот Барак Обама и Карзаи следниот месец во Вашингтон ќе се одржи според планираното.

Во меѓувреме, НАТО силите во Авганистан велат дека убиле 10 милитанти во заедничка американско-авганистанска акција во провинцијата Нангархар. Претставници на Алијансата велат дека нападот се случил рано во понеделникот во близина на пакистанската граница.

XS
SM
MD
LG