Линкови за пристапност

Вашингтон може да му откаже гостопримство на Карзаи


Вашингтон може да му откаже гостопримство на Карзаи
Вашингтон може да му откаже гостопримство на Карзаи

Во меѓувреме, авганистански претставници велат дека првиот човек на Независната изборна комисија и неговиот заменик, поднеле оставка на функцијата.

Авганистанскиот претседател ја разлути меѓународната заедница откако минатата недела тврдеше дека странските влади и ОН стојат зад големата измама на изборите.

САД во вторникот најавија дека можно е да ја откажат средбата меѓу претседателот Обама и неговиот авганистански колега закажана на 12-ти мај, доколку авганистанскиот лидер продолжи со својата анти-странска реторика.

Во меѓувреме, авганистански претставници велат дека првиот човек на Независната изборна комисија и неговиот заменик, поднеле оставка на функцијата.

Портпаролот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, Ваид Омар изјави дека мандатот на раководителот на Независната изворна комисија Азизула Лудин, завршил. Дауд Али Наџафи, кој исто така беше назначен од претседателот, ја напушти функцијата заменик-раководител на комисијата.

Ова тело беше задолжено за мониторинг на минатогодишните претседателски избори кои беа окарактеризирани со измама. Комисијата поддржана од САД поништи речиси третина од гласачките ливчиња од 20-ти август, заради нерегуларности.

XS
SM
MD
LG