Воздухопловниот мајор Мицах Вест е еден од тројцата Американци кои обучуваат авганистански пилоти во јужната провинција Кандахар. Тие се дел од единицата која помага во создавање на авганистанско воздухопловство. Авганистанската армија има потреба од сопствени воздушни сили пред да ја преземе контролата врз одбраната на земјата:
„Потребни се компетентни пилоти на хеликоптери поради спецификите на земјата. Има многу ограничена инфраструктура и патишта“, вели Вест.
Пред секој лет - дикусија за летот. Преведувачите се мост меѓу јазичната бариера. Инструкторите сакаат да наметнат култура на летање, слична како во САД – за важноста на безбедноста и планирањето:
„Треба да им помогнеме да воспостават систем што ќе функционира на долги патеки, со или без нас“, изјави мајорот Вест.
Поручникот Хајатулах Џавазџани е во авганистанските воздушни сили веќе четири години. Сега презема лидерска улога во обучување на војниците - сонародници:
„Долго време има војна во мојата земја. И` пристапив на армијата во обид да и` помогнам. Станав медицинско лице кое помага во случај на катастрофа“.
18-месечната обука засега е ограничена на хеликоптери, но во иднина се планира да се прошири и на борбени авиони. Американската армија смета дека обуката е интегрален дел од долгорочниот успех на авганистанската армија и иднината на оваа земја.