Линкови за пристапност

САД го забавија темпото за операција во Јужен Авганистан


САД го забавија темпото за операција во Јужен Авганистан
САД го забавија темпото за операција во Јужен Авганистан

Операцијата ќе се одвива поспоро за да се осигура помошта од локалното население во областа, инаку родното место на Талебан.

Армиската операција за обезбедување на јужната покраина Кандахар од Талебан ќе трае подолго од планираното, најави главниот американски командант во Авганистан, генералот Стенли Мекристал.

Операцијата ќе се одвива поспоро за да се осигура помошта од локалното население во областа, инаку родното место на Талебан.

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс предупреди на интензивирање на насилството додека американските сили навлегуваат подлабоко во Кандахар, но тој очекува напредок.

Во последните насилства, од понеделникот-наваму, во земјата загинаа 19 војници на НАТО.

XS
SM
MD
LG