Линкови за пристапност

Смел напад на Талебан врз базата Баграм во Авганистан


Милитантите, од кои некои носеле самоубиствени елеци со експлозив, употребиле лесно оружје, ракети и гранати во обидот да влезат во базата.

Бунтовници на Талебан средата извршиле смел напад врз една од најголемите бази на НАТО во Авганистан – Баграм. Загинале еден Американец – договорен соработник, а биле ранети најмалку осум американски војници, соопшти Алијансата. Меѓу напаѓачите има најмалку десет загинати.

Воздухопловната база со која управуваат САД се наоѓа на 60 километри северно од главниот град Кабул.

Милитантите, од кои некои носеле самоубиствени елеци со експлозив, употребиле лесно оружје, ракети и гранати во обидот да влезат во базата, но како што соопшти портпаролот на Баграм, биле спречени и не успеале да продрат до армискиот комплекс. Една зграда претрпела помала штета во нападот.

Престрелката траела неколку часа.

Талебан презеде одговорност за нападот, тврдејќи дека учествувале 20 бомбаши-самоубијци.

XS
SM
MD
LG