Линкови за пристапност

Јуни – најсмртоносен месец за меѓународните сили во Авганистан


Меѓу најновите жртви се четворица британски војници кои загинале средата во сообраќајна несреќа во јужната покраина Хелманд, а други петорица загинале во експлозии на бомби и судири со огнено оружје.

Јуни стана најсмртоносниот месец за меѓународните сили во Авганистан од почетокот на судирот во 2001-ва.

Новинските агенции кои водат евиденција за бројот на загинати американски и други војници во рамки на НАТО, само во јуни животот го загубиле најмалку 79.

Меѓу најновите жртви се четворица британски војници кои загинале средата во сообраќајна несреќа во јужната покраина Хелманд, а други петорица загинале во експлозии на бомби и судири со огнено оружје.

Милитантните ги засилија нападите пред планираната операција на НАТО за чистење на градот Кандахар на југот на земјата и областите во околината од Талебан.

XS
SM
MD
LG