Линкови за пристапност

Илјадници „тајни“ документи од војната во Авганистан објавени на Интернет


Документите се вели дека содржат детални податоци за рации на тајна американска специјална единица, против, како што ги нарекуваат американски претставници, бунтовници и терористички цели.

Американски и пакистански претставници го осудуваат објавувањето на информации за кои се вели дека се тајни воени документи за војната во Авганистан.

Веб-страницата „ВикиЛикс“ на Интернет објави десетици илјади документи, со најава дека дополнителни 15.000 ќе бидат објавени „доколку дозволи безбедносната ситуација во Авганистан“. Веб-страницата додава дека документите се однесуваат на период меѓу јануари 2004 и декември 2009 година.

Советникот за национална безбедност во Белата куќа Џејмс Џонс, издаде соопштение во кое објавувањето на информациите се нарекува „неодговорно“, велејќи дека тие не само ги ставаат во ризик животите на Американците, туку се и закана за националната безбедност.

Документите се вели дека содржат детални податоци за рации на тајна американска специјална единица, против, како што ги нарекуваат американски претставници, бунтовници и терористички цели. Некои од тие рации се додава дека резултирале со несакани убиства на авганистански цивили.

Во документите наводно се опишани и американските стравувања дека пакистанската разузнавачка служба им помагала на авганистанските бунтовници во земјата.

Џејмс Џонс истакна дека „ВикиЛикс“ не вложил никакви напори да ја контактира американската влада која за објавувањето на информациите дознала од новински куќи. Пакистанскиот амбасадор во САД, Хусеин Хакани инсистира дека неговата земја е целосно определена во борбата против исламските бунтовници. Тој додаде дека објавените документи не се одраз на актуелните реални случувања на теренот.

XS
SM
MD
LG