Во најновите стотици американски дипломатски телеграми објавени на веб-страницата Викиликс се споменува Авганистан како земја каде корупцијата е присутна во секое ниво на владата.
Телеграмите што потекнуваат од американската амбасада во Кабул, нивото на корупција во авганистанската влада го опишуваат како „големо“ со обвинувања за поткуп, перење на пари и профитирање од трговија со дрога.
Документите го опишуваат претседателот Хамид Карзаи како слаб и неефективен.
Веб-страницата на Викиликс неделава објави илјадници класифицирани документи, потресувајќи го дипломатскиот свет.
Американската државна секретарка Хилари Клинтон порано неделава истакна дека објавувањето на доверливите американски документи на Стејт департментот, „на никој начин“ нема да и` наштети на американската дипломатија.