Линкови за пристапност

ОН: Нагло зголемување на бројот на цивилни жртви во Авганистан

ОН велат дека Талебан и другите бунтовници се одговорни за 76 проценти од смртните случаи, што е за 53 проценти повеќе споредено со минатата година.

Според најнов извештај на ОН, бројот на цивилни жртви во Авганистан се зголемил за 31 процент во првата половина на 2010 година, а за тоа главно се одговорни Талебан и други бунтовници.

Во извештајот се наведува и дека речиси 1.300 Авганистанци загинале, а 2.000 се повредени во вооружени пресметки, а ова се должи главно и на употребата на пософистицирани бомби произведени во домашни услови.

ОН велат дека Талебан и другите бунтовници се одговорни за 76 проценти од смртните случаи, што е за 53 проценти повеќе споредено со минатата година.

Специјалниот претставник на ОН Стафан де Мистура за време на прес-конференција во Кабул, извештајот го нарече „повик за будење“, додавајќи дека цената со човечки жртви од овој конфликт е превисоко платена и тоа со цивили, особено со жени и деца.

Главниот американски и командант на НАТО во Авганистан, генералот Дејвид Петреус, истакна дека коалиционите сили мора да продолжат со напорите за спречување на бројот на цивилни жртви.

This item is part of
XS
SM
MD
LG