Командантот на американските и силите на НАТО во Авганистан Дејвид Петреус, вели дека Алијансата го спречила подемот на Талебан во неколку авганистански провинции и во главниот град Кабул.
Генералот Петреус за Би-Би-Си изјави дека НАТО има капацитет да се спротистави на бранот бунтовништво насекаде во Авганистан, но предупреди дека таквата кампања нема да биде лесна, ниту брза.
Петреус додаде дека целта на американскиот претседател Барак Обама за започнување на повлекување на американските сили од Авганистан во јули 2011-та ќе зависи од нивото на безбедноста во земјата.
Генералот истакна дека тоа не е датум за американски егзодус од Авганистан, туку датум кога одредени функции ќе започнат да се префрлаат во надлежност на Авганистанците.