Командантот на американските трупи во Авганистан ја предводеше церемонијата во воздухопловната база во Баграм, чест на загинатите.
Генералот Стенли Мекристал пред стотиците војници во Авганистан истакна дека одбележувањето на Денот на сеќавањето е во чест на, како што кажа, „луѓето што сме ги загубиле.“
Денот на сеќавањето се одбележува во чест на Американците загинати загинати за време на воена служба.
Војната во Авганистан продолжи и во понеделникот со напад на силите на НАТО врз милитанти на Талебан кои ги присилиле владините сили да ја напуштат областа Барг-е-Матал во Нуристан, источна провинција на границата со Пакистан.
Во воздушните напади во неделата, трупите на НАТО го убиле вишиот талебански лидер, Хаџи Амир и неколкумина негови борци во провинцијата Кандахар.