Линкови за пристапност

Карзаи ги обвинува странците за измама при гласањето минатата година


Карзаи пред лица кои работеа на организирање на изборите ги обвини претставниците на ОН за мешање во исходот од гласањето на 20-ти август.

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи ги обвинува странците за широкораспространетата измама на минатогодишните претседателски избори.

Карзаи пред лица кои работеа на организирање на изборите ги обвини претставниците на ОН за мешање во исходот од гласањето на 20-ти август.

Авганистанскиот водач го издвои поранешниот заменик-шеф на мисијата на ОН во Авганистан, Питер Галбрајт, кој беше отпуштен по спорот со својот претпоставен околу тоа како да се справи со наводите за измама.

Карзаи беше принуден на втор круг на гласање откако комисија, поддржана од ОН, отфрли речиси третина од гласачките ливчиња во негова полза поради нерегуларности. Вториот круг, сепак, не се одржа бидејќи противкандидатот на Карзаи се повлече од претседателската трка.

XS
SM
MD
LG