Линкови за пристапност

Голем потенцијал на ефтин лек за побрзо засирување на крвта


Голем потенцијал на ефтин лек за побрзо засирување на крвта
Голем потенцијал на ефтин лек за побрзо засирување на крвта

Резултатите покажале значително намалување на ризикот од смрт заради бавно згручување на крвта.

„Транексамска киселина“ не е нов лек на пазарот. Тој помага за побрза коагулација на крвта што се користи само во одредени случаи, како при некои оперативни зафати со цел да се намали крварењето.

Ако може да помогне во оперативна сала, зошто тоа да не се користи и при интервенции на итна помош?

Раководителот на студијата Иан Робертс од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина решил да го открие одговорот на тоа прашање. Тој вели дека околу 20.000 жртви на неков вид на незгоди во 40 земји од светот од Албанија до Замбија, биле одредени по случаен избор да добијат терапија со „транексамска киселина“.

„Изработивме студија за терапија што се надевавме дека ќе го намали крварењето, за да има помалку смртни случаи предизвикани од искрварување што не може да се запре. И тоа се случи. Резултатите покажаа значително намалување на ризикот од смрт заради бавно згручување на крвта. Доколку го земете овој лек, има 15 проценти помалку шанси за смрт“, вели Робертс.

Ова е добра вест, но Робертс и неговите колеги стравуваат дека лекот може да ја зголеми можноста од срцев или мозочен удар.

„Немаме податоци дали тоа може да биде случај. Забележавме значително намалување на ризикот од смртност и значително зголемување на бројот на пациентите кои биле отпуштени од болница без никакви симптоми. Тоа исто така е добра вест“, додава овој експерт.

Пациентите примале две дози од лекот кој лесно се користи и е со мошне пристапна цена - 10 долари по пациент.

„Ова е најверојатно еден од најефтините начини за да се спаси човечки живот“, вели Робертс.

Иан Робертс сугерира „транексамска киселина“ да се додаде на листата на неопходни лекови што ја изготвува Светската здравствена организација.

Најновата студија на доктор Робертс и неговиот тим е објавена во британскиот журнал за медицина Лансет.

XS
SM
MD
LG