Линкови за пристапност

Нетанјаху се среќава со Бан Kи-Мун


Вчера Обама и Нетанјаху ги повторија заложбите за директни разговори меѓу Израел и Палестинците и негираа дека има заладување на американско-израелските односи

Израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху во Њујорк се среќава со генералниот секретар на ОН Бан Ки-Мун, еден ден по разговорите со претседателот Обама во Белата куќа.

Нетанјаху за време на посетата на седиштето на ОН со генералниот секретар ќе разговара за блиско-источниот мировен процес.

Вчера Обама и Нетанјаху ги повторија заложбите за директни разговори меѓу Израел и Палестинците и негираа дека има заладување на американско-израелските односи.

На заедничка прес-конференција во Белата куќа, Обама рече дека со Нетанјаху дискутирале за можностите за мир на Блискиот Исток.

Тој рече дека израелскиот лидер покажал волја да се вклучи во сериозни разговори со Палестинците.

Нетанјаху истакна дека е време да почнат директните разговори меѓу Израел и Палестинците.

XS
SM
MD
LG