Линкови за пристапност

Ју-Тјуб прослави пет години постоење


Ју-Тјуб прослави пет години постоење
Ју-Тјуб прослави пет години постоење

Гугл ја купи Ју-Тјуб за 1, 65 милијари долари пред една и пол година откако таа беше лансирана во мај 2005-та

Популарната интернет-страница за постирање видео-материјал Ју-Тјуб го прослави петтиот роденден и има по две милијарди посети на ден.

Веб-страницата што е во сопственост на Гугл објави дека дневната публика е речису двојно побројна од онаа што гледа телевизија во ударен термин на сите три главни американски телевизиски мрежи заедно.

Гугл ја купи Ју-Тјуб за 1, 65 милијари долари пред една и пол година откако таа беше лансирана во мај 2005-та.

Веб-страница овозможува секој да може да постави видео-материјал што јавно може да се гледа. Слоганот на страницата е „емитувај се самиот“.

Најчести видеа на веб-страницата се инструкции, музички видеа, инсерти од филмови, телевизиски емисии и дома направени видео снимки на деца и домашни миленици.

Некои лични видеа се толку гледани на популарната страница, што ги направија славни луѓето во нив.

XS
SM
MD
LG