Линкови за пристапност

Киргистан: на сменетиот претседател треба да му се суди


Во телевизиско обраќање во петокот, привремениот лидер Роза Отунбаева рече дека Бакиев нема да може да и побегне на правдата

Новата преодна влада во Киргистан вели дека сака да го изведе сменетиот претседател Курманбек Бакиев пред суд, еден ден откако беше принуден да ја напушти земјата и да поднесе формална оставка.

Во телевизиско обраќање во петокот, привремениот лидер Роза Отунбаева рече дека Бакиев нема да може да и побегне на правдата. Тој е обвинет дека владеел непотистички и бил на чело на корумпирана влада.

Отунбаева исто така јавно го прочита писмото со оставка на Бакијев, што официјални лица преку факс го испратија од Казахстан, каде се наоѓа соборениот претседател со сопругата и двете деца.

Заминувањето на Бакијев од земјата беше организирано со помош на претседателите од САД, Русија и Казахстан, како и со помош на медијатори од ЕУ. Неговото заминување ги зголеми надежите за брзо враќање на стабилноста во Киргистан, земја за која медијаторите стравуваат дека била на раб на граѓанска војна.

Во меѓувреме, привремената влада почна да ја зацврстува својата власт приведувајќи поголем број блиски соработници на поранешниот претседател.

XS
SM
MD
LG