Линкови за пристапност

Грција е близу до финансиски план за излез од економската криза


Грција е близу до финансиски план за излез од економската криза
Грција е близу до финансиски план за излез од економската криза

Официјални финансиски лица во Мадрид потврдија дека Грција не бара дополнителна помош

Грчки официјални лица се надеваат дека ќе биде избегнато спасување со финансиска помош од неколку милијарди долари за излез на земјата од економската криза, но презема чекори да го прифати пакетот како мерка на предострожност.

Грчкиот премиер Јоргос Папандеу рече во петокот дека Атина прави неопходни подготовки за активирање на финансискиот план, истовремено велејќи дека неговата земја останува на заложбата самата да се спаси.

Официјални финансиски лица во Мадрид потврдија дека Грција не бара дополнителна помош.

Заедничкиот пакет на ЕУ и ММФ е околу 61 милијарда долари.

Грција побара повеќе информации за потенцијалниот спас и ЕУ и ММФ се договорени да одат во Атина на разговори на почетокот од следната недела.

И покрај серијата на таканаречени мерки за спас од економската криза, Грција има тешкотии да го исплати заемот од 70 милијарди долари. Атина мора врати 15 милијарди долари до крајот на следниот месец.

XS
SM
MD
LG