Линкови за пристапност

Британија протера израелски дипломат поради убиството на припадник на Хамас


Британија протера израелски дипломат поради убиството на припадник на Хамас
Британија протера израелски дипломат поради убиството на припадник на Хамас

Британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Милибенд ја соопшти одлуката на парламентарна седница вторникот.

Британија соопшти дека протерала израелски дипломат поради наводите дека израелски агенти користеле лажни британски пасоши за убиство на палестинскиот милитант Махмуд ал-Мабу во Дубаи порано годинава.

Британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Милибенд ја соопшти одлуката на парламентарна седница вторникот. Тој кажа дека потегот уследил по темелна истрага од британска страна и дека израелското учество во фалсификувањето е „многу веројатно“.

Израел ниту ги потврди, ниту ги порекна тврдењата. Но, израелскиот амбасадор во Британија Рон Просор кусо време откако беше обајвена одлуката изјави дека неговата земја е разочарана од чекорот.

Во Ерусалим, израелскиот законодавец Арие Елдад го окарактеризира потегот како хипокризија. Тој истакна дека Британија нема право „да интервенира во израелската војна против теророт“.

Дубаи обвини агенти на израелската разузнавачка служба Мосад за убиството на Мабу, кој беше еден од водачите на Хамас, во хотел во Обединетите Арапски Емирати јануари годинава.

XS
SM
MD
LG