Линкови за пристапност

Заклучокот од Чикаго ист како и оној од Букурешт


НАТО наведува дека Македонија ќе стане членка веднаш откако ќе биде решен спорот со името, изразува благодарност за учеството во мисиите.

А за Македонија ништо ново во Чикаго. Во декларацијата на Самитот на НАТО која ја објавија шефовите на држави и влади на земјите-членки, тие го повторуваат заклучокот од самитот во Букурешт во 2008-ма, дека, цитираме, „поранешната југословенска република Македонија ќе и` се приклучи на Алијансата веднаш откако ќе биде постигнати взаемно прифатливо решение за спорот со името во рамки на преговорите во ОН“. Во декларацијата стои дека што е можно поскоро постигнатото решение, а со тоа и членството на Македонија во НАТО, ќе придонесат за стабилноста и безбедноста во регионот. НАТО повикува да интензивираат напорите за наоѓање на решение; се охрабрува преговарачкиот процес, без неопходно одложување, и се нагласува натамошната поддршка на НАТО за реформите во Македонија и изградбата на мултиетничко општество. Алијансата го поздравува суштинскиот придонес на Македонија во операциите на НАТО и активната улога во регионалната соработка, а и ја вреднува долгогодишната заложба на земјата во пристапниот процес кон НАТО.

Во декларацијата се наведува дека на средбата на министрите за надворешни работи на Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Грузија со колегите од земјите-членки на НАТО на дневен ред е поединечниот прогрес на аспирантите за членство, планирањето на идната соработка, вклучувајќи го и учество во партнерски активности и мировни операции.

XS
SM
MD
LG