Ова е дел од писмената честитка од македонскиот претседател Ѓорге Иванов упатена до претседателот на САД Барак Обама, по веста за ликвидацијата на терористот број еден во светот.
Иванов потврдува дека Македонија останува рамо до рамо со САД во справувањето со тероризмот, како „посветен член на коалицијата на слободољубиви држави, предводена од САД, во напорите за ширење на слободата и демократијата во светот и за отстранување на заканите кои произлегуваат од тероризмот“.
„Соединетите Американски Држави, како и многупати во минатото, остануваат водечка инспирација и заштитник на слободољубивите народи низ светот, независно од верата, расата и етничката припадност. Во ваквата Ваша улога, Ве уверувам дека ја имате поддршката и партнерството на Република Македонија“, се наведува во писмото на Иванов до Обама.