Линкови за пристапност

Бернанки повикува регулаторите да не се насочуваат на поединечни банки


Бернанки кажа и дека реформите што се во фаза на подготовка треба да обезбедат инвеститорите, а не даночните обврзници да бидат за огромните загуби од ризичните инвестиции.

Директорот на Американската централна банка Бен Бернанки смета дека кога регулаторите се фокусираат на состојбата на поединечни банки, не можат да ги видат проблемите во финансискиот систем пошироко.

Првиот човек на Федералните резерви средата во Њујорк кажа дека неодамнешната криза во американскиот банкарски систем ги изложила проблемите што можат да произлезат од таквиот ограничен фокус. Тој истакна дека преголемата загриженост за тоа колку поединечни бански стојат на здрави нозе го одвлекува вниманието од начинот на интеракција на банките и нивната пракса, што може да претставува закана за севкупниот финансиски систем.

Бернанки кажа и дека реформите што се во фаза на подготовка треба да обезбедат инвеститорите, а не даночните обврзници да бидат за огромните загуби од ризичните инвестиции. Тој додаде дека од банките мора да биде побарано да поседуваат дополнителна готовина, како еден вид на сигирност од непоповолни услови на берзите.

Сенатот и Претставничкиот дом во моментов работат на пакет финансиски реформи што, меѓу другото, ќе овозможат мониторинг на проблеми што би можеле да предизвикаат нова финансиска криза.

XS
SM
MD
LG