Линкови за пристапност

Крсте Блажески: Мојата партија е Македонија


Крсте Блажески: Мојата партија е Македонија
Крсте Блажески: Мојата партија е Македонија

Мојата партија е Македонија и сите Македонци од дијаспората се нејзини членови – вели Стружанецот Крсте Блажески од Њу Џерси, кандидат за пратеник од изборната единица 8 - Канада и Америка, од редовите на Социјалдемократската Унија.

Блажески акцентот во кампањата го става на зближување на македонските иселеници во САД. По професија машински инженер, 47-годишниот стружанец најавува дека како пратеник би работел на признавање на здравственото, социјалното и пензиското осигурување помеѓу Македонија и САД и на засилување на иселеничките инвестиции во Македонија: „Со еден глас не можам да ја променам политиката, но можам да ја променат политиката во Македонија но можам да направам за зближување на дијаспората со Македонија“

Крсте Блажески: Мојата партија е Македонија
Крсте Блажески: Мојата партија е Македонија

Од средбите со иселениците стекнал впечаток дека сакаат да инвестирааат во мали и средни бизниси, особено во туризмот.

За прашањето за името и интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, вели дека најдобар начин е фокусот да се сврти на заживување на економијата. Објаснува зошто: „Да не бидеме зависни некој да не уценува за промена на името. Јас би ги стопирал преговорите и би работел на економскиот развој на државата“

Негов став е да не се прифаќа избрзано решение за името.

Очекува следниот изборен циклус да биде поорганизиран:

„1832 гласачи од Америка и Канада е многу мал број за кој треба да разговараме како дијаспора. Мислам дека во догледно време во следните неколку години треба да добиеме блиску 100.000 гласачи од дијаспората. Сретнав многу незадоволни луѓе, затоа што поднеле некоја документација, но веројатно претпоставувам дека не била целосна за некои од нив“

Кампањата ја започна во родниот Њу Џерси, а ги посетил иселениците во Детроит, Индијана, Чикаго и Торонто.

XS
SM
MD
LG