Се чека на собраниската седница на која треба да се гласа за потребата од пристапување кон уставни измени, клучен елемент за заокружување на Договорот за името од чија реализација, пак, зависи евроатлантската интеграција на Македонија.Не е сигурно дали владејачкото мнозинство ги има неопходните гласови за двотретинско мнозинство.
Извори од мнозинството за „Гласот на Америка“ велат дека потребниот број пратеници за уставни измени најверојатно ќе се обезбеди иако е неизвесно дали тденеска. Околу Собранието се забележува засилено полициско обезбедување. Пратеничката група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која не беше во полна состав, повика што е можно побрзо да се пристапи кон гласање.
„Очигледно е дека немаат мнозинство од две третини, власта нека не тактизира и нека ја свика седницата што е можно побрзо“.