Линкови за пристапност

Илјада години Охридска архиепископија


Илјада години Охридска архиепископија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:21 0:00

Илјада години Охридска архиепископија

Според поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, ова е јубилеј со кој ретко кој народ и која црква можат да се пофалат

Со свечена академија, на која присуствуваше највисокиот црковно-државен врв и со света литургија во катедралниот храм Света Софија во Охрид, беа одбележани 1.000 години од формирањето на Охридската архиепископија. Поглаварот на МПЦ, господин господин Стефан, рече дека станува збор за јубилеј со кој ретко кој народ и која црква можат да се пофалат. Според него, историјата на Охридската aрхиепископија е историја на духовна независност и сувереност на Македонија, која за жал се` уште се негира.

На одбележувањето не присуствуваа претставници на ниту една од православните цркви и покрај тоа што биле поканети. За МПЦ, недоаѓањето на бугарските владици во Охрид, не значи и прекин на преговорите со БПЦ, која неодамна се заложи дека ќе и` биде мајка црква на МПЦ.

„Верувам дека времето кое поминало, но и ова кое доаѓа, ќе помогне заедно со разбирањето на помесните цркви возообновената Охридска архиепископија конечно да си го најде своето место помеѓу помесните цркви затоа што е жива црква, со верен народ и со се` она што е потребно за една помесна православна црква. Честитки до сиот наш народ, до свештенството и монаштвото и нашиот народ во дијаспората“, истакна поглаварот на МПЦ, господин господин Стефан.

„Упативме покана до синодот на БПЦ за да испрати претставници, не за заедничко богослужење, туку за да имаме и претставници и од нив во знак на стоплување на односите и продолжување на оние преговори. За жал, тоа беше одбиено, но се надевам дека ќе имаме уште многу јубилеи и заеднички чествувања и ќе ги надминеме тие наши поделби и дека онака како што не повикува црквата сите да бидеме едно“, изјави владината Пимен, митрополит на Европската епархија на МПЦ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG