Линкови за пристапност

Почна менувањето на сообраќајните табли


Се менуваат таблите Александар Велики
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:25 0:00

Почна менувањето на сообраќајните табли на кои стоеше „Александар Македонски“ како што доскоро беше името на автопатот А1 што ги поврзува Македонија и Грција. Работниците на агенцијата за државни патишта ги симнуваат таблите – вкупно 19 кои наскоро ќе ги заменат со натпис „Пријателство“ - името, кое со владина одлука, од пред речиси 1 месец, го носи овој автопат. „Пријателство“, како што информираат од агенцијата, ќе биде испишан на 3 јазици – македонски, англиски и француски. Паралелно ќе се менуваат и 6-те патокази за меѓународниот аеродором во Скопје кој исто како и автопатот до неодамна се викаше „Александар Велики“. Се враќа неговото старо име „Скопје“. Процесот на замена на 19-те табли со името на автопатот и 6-те на аеродромот ќе чини околу 80.000 евра.

„Александар Велики“ се` уште стои на зградата на терминалот и на интернет страницата на аеродромот - наскоро ќе почне и неговото ребрендирање, без да се прецизира тајмингот.

Заминувањето на „Александар Македонски“ од имињата на аеродромот и автопатот назад во историјата, е дел од мерките за градење доверба меѓу Македонија и Грција кои се во ек на разговори за прашањето за името. На средбата Заев-Ципрас во Давос, македонскиот премиер, во знак на добра волја, најави менување на имињата кои Атина ги сметаше за провокација, додека шефот на грчката влада за возврат се согласи на Македонија да и` се овозможи да напредува во втората фаза од Спогодбата за стабилизација и асоцијација со ЕУ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG