Линкови за пристапност

Белгиски експерт ги помирува СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ


Петер Ванхут со мандат од Европската комисија повторно е во Македонија.

По многуте шпекулации за тајни средби меѓу лидерите на двата политички блока, денеска лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев, за „Мета“ изјави дека нема никакви преговори помеѓу власта и опозицијата.

Според Заев, преговорите се водат со посредство на ЕУ, а во нив е вклучен и белгиецот Петер Ванхут, кој повторно е во Македонија.

За време на викендот премиерот Никола Груевски во интервју дадено за ТВ Алфа на прашањето дали ќе им бидат одземни мандатите на опозиционерите во Собранието, рече дека тоа не зависи од него, туку од законите.

„Претседателот на парламентот мора да го спроведе законот“, рече Груевски.

Во меѓувреме од СДСМ се најавува како што велат „бомба“ афера со која ќе се разобличело владењето на премиеот Груевски. Во јавноста се пласираат разни шпекулации околу тоа што можело да содржи оваа „бомба“, но од партијата велат дека ќе објават кога за тоа ќе дојде време.

Во врска со овие најави премиерот Груевски коментираше дека и тој има „бомба“ за СДСМ со која ќе се подобри животот на граѓаните на Македонија со отварање нови рабтни места. Груевски забележа дека СДСМ „се занимава со деструктивни политики за разлика од власта која работи на подобрување на животот на граѓаните“.

XS
SM
MD
LG