Линкови за пристапност

Јавното обвинителство го анализира случајот „Македонска банка“


Кривичната пријава е поднесена од опозициската СДСМ, кажа државниот обвинител Марко Зврлевски на прес конференција.

По однос на кривичната пријава која е доставена при крајот на минатата недела, Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција почнало да постапува „според редовниот распоред“. Ова на прес конференција го изјави државниот обвинител Марко Зврлевски, додавајќи дека „ќе бидат анализирани сите околности во врска со тој кривично правен настан и за чекорите што понатаму ќе бидат преземени ќе бидете благовремено известени“.

Пријавата што ја поднесе најголемата опозициска партија се однесува на противзаконско посредување, примање поткуп и затајување данок, а како доказен материјал социјал-демократите доставија аудио снимка.
„Согласно Законот за јавно обвинителство, јавниот обвинител кој постапува по предметот целосно одлучува самиот кои дејствија и како ќе ги преземе, а јас во овој момент не можам да коментирам“, рече Зврлевски.

Новинарите се интересираа за аферата која ја покрена изјавата на Загорец Тумбовски со тврдење дека на владеачката партија и дал 500.00 евра во кеш. Зврлевски по ова објасни дека дека е проценето оти тој случај е со квалификацијата „низок степен на доверливост“ што значело дека немале многу информации освен вербални обвинувања на еден човек.
На прес конференцијата Зврлевски го промовираше новото оделение за однои со јавност најавувајќи дека тоа ќе овозможи јавноста благовремено да биде информирана за сите активности на јавното обвинителство.
XS
SM
MD
LG