Лидерот на опозицискиот СДСМ, Зоран Заев денска истапи на прес конференција со нови обвинувања упатени на адреса на лидерот на владеачката ВМРО- ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски.
Заев на прес конференцијата приложи документи за кои тврди дека се доказ за тоа дека ВМРО- ДПМНЕ во 2006 година по изборите кога оваа партија ја презема власта , примила пари во кеш во висина од 80 илјади евра.
Според изнесените документи, донатор било лицето Тумбовски Загорец. Во моментот на наводната уплата на донацијата Никола Груевски бил претседател на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Република Македонија четири месеци. Заев на прес-конференцијата истапи со повеќе јавни прашања до Груевски во врска со наводните донирани средства.
По оваа прес-конфереција со реакција истапи Илија Димовски, шеф на центарот за комуникации на ВМРО-ДПММЕ. Тој ги отфрли тврдењата на СДСМ нарекувајќи го документот што Заев го покажал „класичен, груб, и смешен фалисфикат“.
Димовски рече дека тоа лесно се докажува бидејќи партискиот печат кој е искористен на документот бил прогласен за неважечки уште во 2004 година.
Што се однесува до претходно лансираната афера со снимката од телефонскиот разговор во која како што тврди опозицијата Никола Груевски договара зделка за Македонска банка, Зоран Заев денеска најви дека Социјалдемократскиот сојуз поднесува кривична пријава против Никола Груевски.
На ова одговори Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која кажа дека Зоран Заев на суд ќе мора да ја докажува автетичноста на снимката а во постапката која против него ја презема Грувески, обвинувајќи го Заев за клевета.