Општествата со поголема еднаквост помеѓу родовите имаат и повисок економски раст. Водејќи се од овој заклучок на истражувањата, Проектот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) за експанзија на мали бизниси и меѓународната услужна компанија „Еколог“ го основаа заедничкиот Фонд за поддршка на жени и млади во претприемништвото во Македонија.
Фондот за почеток ќе располага со 30.000 долари, помош за малите бизниси за да ги зголемат своите капацитети, да создаваат повеќе работни места и да го подобруваат квалитетот на животот во Полошкиот регион.
„Инвестицијата во Фондот за поддршка на жени и млади во претприемништвото е инвестиција во луѓето во Полог и носи придобивки за сите луѓе во регионот“, рече амбасадорот на САД во Македонија, Пол Волерс, на денешното потшишување во Тетово. Тој ги повика и другите компании да го следат примерот на „Еколог“ и да учествуваат во Фондот.
Во 2013 година, проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси им помогна на повеќе жени претприемачки во регионот со доделување на грантови на бизниси кои се водени од жени и имаат висок потенцијал за раст. Статистиката покажува дека со поддршката од УСАИД, бизнисите двојно го зголемиле производството и заедно создале 33 нови работни места.