Митинзи, конвенции, средби со граѓани. Вака стартуваше кампањата на четворицата кандидидати кои ќе се борат во историјата да бидат запишани како петтиот претседател во независна Македонија. Карваните на тројца тргнаа од Скопје, еден започна од Охрид. Првите пораки главно насочени кон евроатлантските интеграции, подобрувањето на животниот стандард на граѓаните, сочување на достоинството и меѓународниот углед на земјата. Некои не губеа време и уште од првиот настап заиграа на етничката карта и обвинувањата.
Европа во Македонија, Македонија во Европа. Држава и економија кои создаваат нови работни места, Македонија - дом во кој се гради благосостојба за сите. Вака кандидатот за претседател од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, актуелниот претседател, Ѓорге Иванов, ја позиционираше својата кампања во следните дваесетина дена, со која ќе ги убедува граѓаните дека заслужува уште еден претседателски мандат.
„Пред пет години од ова исто место ви порачав дека со чист образ тргнувам да ја освојам довербата на граѓаните за избор на претседател на Република Македонија. Денес повторно од ова исто место со чист образ повторно ја барам довербата, за да продолжам со иста посветеност, чесност и искреност да работам за Македонија“, истакна Иванов од почетниот минитнг во Охрид.
Најголемата опозициска партија СДСМ со конвенција тргна во битката за освојување на највисоката државна функција.
„Наспроти досегашното бледило нудам активно вклучен претседател кој ќе ги искористи сите уставни надлежности во заштита на граѓаните на Македонија, кои тоа го заслужуваат. Таа заслужува да оди напред. Немаме внатрешни непријатели. Сите граѓани сакаат подобар живот, без разлика на политички ставови или етничка припадност. Македонија може да ги решава сите проблеми, со внатрешна кохезија и во сојуз со најголемите во светот“, порача Стево Пендаровски, кој на овие претседателски избори ќе ги брани боите на опозицијата.
За разлика од Охрид, каде партиската доминација се отсликуваше и преку иконографијата и преку говорниците, во Универзалната сала, сликата беше сосема спротивна. Говореа актери, спортисти, музичари. Но, она што го извади овој настан од вообичаените клишеа, беше говорот на сопругата на Пендаровски, Елизабета Георгиевска, која преку тоа, како започнала нивната заедничка приказна, испреплетена со семејна трагедија, зборуваше зошто Стево и треба на Македонија.
Под мотото „За претседател Албанец“ од скопски Чаир започна кампањата на Илијаз Халими, искусен политичар, кандодат на опозициската Демократската партија на Албанците (ДПА). Дел од пораките беа упатени и до нивниот најголем конкурент, ДУИ, која веќе шест години е дел од владината коалиција со ВМРО- ДПМНЕ.
„Ќе работам со успех, да бидам претседател на сите без да ги делам луѓето по етничка или верска припадност. Нема да предизвикувам поделби. Како врховен командант ќе ги средам работите во министерството за одбрана и во специјалните единици ќе барам застапеност на сите и на Албанците“, рече Халими на собирот организиран во училишен хол.
Кандидатот за претседател на Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ, Зоран Поповски, претседателската кампања ја започна од Карпош, скопската општина каде со години прв човек е лидерот на оваа партија. По професија универзитетски професор Поповски говореше од потребата од ревитализација на внатрешно –политичкиот дијалог и ослободување на медиумскиот простор до централното прашање во надворешната политика.
„Ќе бидам стожер на државноста и на демократијата и на совеста на граѓаните преку заштита на името на државата и на националниот идентитет на граѓаните во неа. Доста компромиси направивме околу нашиот идентитет. Мислам дека црвената линија е ставена и нема повеќе да дозволиме да се обезличуваме. Сакам да ја вратам дебатата во нашето општество“, истакна Поповски.
Иако без свој кандидат, во кампањата за претелските избори се вклучи и Демократската унија за интеграција. Од Кичево, ја промовираше идејата за консензуален претседател, по која не успеа да постигне договор со коалицискиот партнер ВМРО- ДПМНЕ.
„Може да ја реализираат релевантните партии кои го добиваат мнозинството гласови. Ќе се обидеме да им објасниме на граѓаните дека на претседателските избори ние и порано сме гласале, но фактички сме учествувале само во првиот круг. Во вториот, Албанците не можеле да имаат свој претставник. Не велам дека консензуалниот претседател мора по исклучок да биде Албанец, но барем да биде прифатлив за мнозинството граѓани на Република Македонија“, порача лидерот Али Ахмети.